
Пареза фацијалис
Парализа на лицевиот нерв представува делумна или потполна парализа на седмиот мозочен нерв. Неговата функција е многу важна, бидејќи тој ја инервира лицевата мускулатура, која се користи за мимика на лицето, одговорен е за осетот од предните 2/3 од јазикот (вкусот), ги инервира плунковите жлезди, како и дел од надворешното и средното уво. Постојат два типа на парези, т.е. парализи:
1.Внатрешна (централна) парализа: Се појавува поради оштетување на патиштата на овој нерв во централниот нервен систем, т.е.во мозокот, а болниот може да го набере челото, се израмнува назолабијалната бразда на болната страна, усниот агол е спуштен.
2.Надворешна (периферна) парализа: Се јавува поради оштетување на лицециот нерв на неговиот пат од излез од мозокот до неговото завршување на лицето, а се манифестира со: едната половина на лицето е неподвижна (како маска), болниот не може да го набере челото, израмнета назолабијална бразда, спуштен устен агол, неможност за целосно затварање на очните капаци. Се јавува сув вкус во устата, окото засилено солзи, а може да се јави и зуење во ушите.
Причините за периферниот фацијалис се: настинка, инфекции на носот и грлото, Herpes simplex, Herpes zoster, воспаление на средно уво, полинеурит, полирадикулит, полимиелит, трауми на главата, хипертензија, дијабетес и др. Причините пак за централниот фациалис се разни пореметувања во самиот мозок.
Посебен тип на периферна парализа е Беловата парализа, чија причина е непозната, но се случува во услови на “промаја”(спиење и патување покрај отворен прозорец во автомобил), при што под дејство на студениот воздух, доага до оток на нервот, кој во неговит коскен дел нема доволно простор и трпи притисок. Секогаш е еднострана.
Без разлика на причините на заболувањето, со лекување треба да се започне што порано. Витаминската и другата медикаментозна терапија има свој удел, но физикалната терапија завзема многу важно место. Таа се состои од различни процедури као што се: ласеротерапија, локлно загревање, електрофореза, вежби за мимичната мускулатура, магнетотерапија, електростимулација, и др.