Дали работите со плави картони?
Да, откако е формирана ординацијата имаме склучено договор со фондот за здравство.
После колку терапии ќе ми биде подобро?
Може да се приметат резултати после првите неколку терапии, но големи подобрувања ќе има по примање на целиот третман зададен од докторката.
Што е физикална терапија?
Физикална терапија е третман за подобрување на движењето, намалување на болката и обновување на целосната физичка функција. Физијатарот и физијотерапевтот користат вежби, мануелна терапија, едукација, модалитети како светлина, звук, топлина, ладно, магнетни бранови и електрични стимуланси за да дојде до посакуваната цел.
Колку време трае еден третман?
Во зависност од терапијата. Нормално од 40 минути до 1 час на ден трае еден третман во склоп на терапијата.
Кога да почнам со терапија?
Со терапија може да се почне одма по донесување на упатот од матичниот лекар, доколку се оди со плави картони. За приватно може и одма. За одредени скршеници може и со гипс да прави терапија.
Како да закажам преглед?
Преглед и терапија можете да закажете преку мој термин, ако се оди со плави картони. Доколку сте приватно можете тоа да го направите преку формата за закажување на веб страната или на нашите телефони.
Дали ми треба упат за на физикална?
Да, доколку сакате да примените терапија со плави картони. Ако не сте со плави картони тогаш не ви треба упат.
Колку често треба да правам физикална терапија?
Редовната терапија се прави еднаш на 6 месеци.
Дали смеам да правам физикална терапија ако имам други здравствени проблеми?
Зависи од тоа какви здравстевни проблеми имате. Најдобро е да ги кажете на докторот останатите здравствени проблеми пред да почнете со терапија.
Колку посети ќе ми требаат?
Во просек околу 10 дена, но има и терапии кои траат од 5 па до 15 дена.
Што треба да правам за време и после терапијата?
За време на терапијата препорачливо е да не се праваи физички напор, односно колку може повеќе да се одмара. По завршување на терапијата истотака е препорачливо одредено време кое ќе го каже докторот да се одмара и да не прават големи напори. Сепак, што треба да се прави за време како и по терапијата пожелно е да се консултирате со доктор.