За нас

Накратко за нас

Приватната здравствена установа Долорес е основана во 1995 година во Скопје од страна на Д-р Елица Поповиќ - специјалист по физикална медицина и рехабилитација и е прва од ваков тип.

Д-р Елица Поповиќ завршува медицински студии и специјализира физикална медицина и рехабилитација при универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје под менторство на светски познатиот хирург Д-р Љупчо Серафимов. Како млад специјалист по физикална медицина Д-р Елица Поповиќ завршува обука за примена на ласер терапија во медицинската академија во Софија и заедно со проф. Тројачанец стануваат пионери во нејзина примена во Р. Македонија.
Д-р Елица Поповиќ завршува и курсеви по акупунктура и овозможува спојување на традиционалната и современата медицина во склоп на Долорес.

Д-р Биљана Поповиќ специјалист по физикална медицина се вработува во Долорес во 2007 година и во годините кои престојат работи под менторство на Д-р Елица Поповиќ со цел да се продолжи со квалитетот и традицијата создадени во изминатите години.

Заедно со Д-р Биљана Поповиќ, предводник на Долорес од 2012 година, сме во постојан чекор со новитетите во областа на физикалната медицина преку кои им овозможуваме на пациентите врвна медицинска услуга.

Од основањето на Долорес па се до денес континуирано соработуваме со Фондот за здравствено осигурување со кој имаме помогнато на голем број пациенти.

Д-р Биљана Поповиќ завршува Медицински факултет на универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ - Скопје во 2007 година. Веднаш потоа во 2013 година завршува специјализација Физикална медицина и рехабилитација.

Редовно посетува стручни состаноци и конгреси од областа на физикална медицина, ортопедија и трауматологија, спортска медицина, неврологија, ревматологија…

Некои од посетуваните конгреси и стручни состаноци се:
· Септември 2012, Бања Лука, БиХ, 4. Конгрес на физијатри на Би Х со меѓународно учество
· Ноември 2013, Сандански, Р. Бугарија - 7. Бугарски Конгрес по физикална медицина и рехабилитација со меѓународно учество.
· Април 2013 година, Игало, Црна Гора - 3. Конгрес на здружение на физијатри на Црна Гора со меѓународно учество.
· Септември 2014, Охрид, Р. Македонија - 3. Конгрес на физијатри на РМ со меѓународно учество
· Септември 2015, Цетиње, Црна Гора - 4. Конгрес на здружение на физијатри на Црна Гора со меѓународно учество
· Обуки за ЕХО дијагностика:
· 2012 Скопје ЈЗУ универзитетска Клиника за Радиологија, Скопје- ЕХО - ТОМОГРАФСКО ИСЛЕДУВАЊЕ на абдомен и меки ткива, во период од 26.04.2012 до 25.05.2012 год
· 2015 г. Белград, Поликлиника Антамедика, Србија -Обука за Остеоартикуларен и мускулоскелетен ултразвук- основен курс, во период од 24.09.2015 до 29.10.2015
· 2018 г. Париз, ИСПРМ, Франција -12ти Светски Конгрес на Интернационалното Здружение на Физикална и Рехабилитациона Медицина, во период од 08.07.2018 до 12.07.2018

Нашата желба и морална обврска е користејќи го нашето искуство да им го олесниме секојдневието на нашите пациенти.

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус …

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? …

Деформитети на `рбетот

Глевен носечки столб на телото представува `рбетот. Тој представува …