Политика за приватност

Политиката за приватност на личните податоци на веб-страната го уредува начинот на кој ПЗУ ДОЛОРЕС ДООЕЛ Скопје ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците на www.dolores.com.mk веб-страната („Веб-страна“). Оваа политика за приватност се однесува единствено за Веб-страната.

Лични податоци

Вашата приватност целосно се почитува за време на посетата на оваа Веб-страна. ПЗУ ДОЛОРЕС ДООЕЛ Скопје автоматски не собира лични податоци за Вас, освен доколку не се одлучите да не контактирате преку e-mail при што доброволно ги давате Вашите лични податоци (име, презиме, контакт информации).

Други податоци

ПЗУ ДОЛОРЕС ДООЕЛ Скопје може да собира и идентификациски информации за корисниците што не се лични, секогаш кога ја посетуваат Веб-страната. Идентификациските информации што не се лични може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата и слични информации.

Колачиња

Користиме само основни колачиња за функционирање на страната.

Обработка на лични податоци

Личните податоци на посетителите на нашата Веб-страна кои се добиени заради процесирање на комуникацијата/барањата се достапни само на вработените во ПЗУ ДОЛОРЕС ДООЕЛ Скопје и тоа само заради горенаведената цел. Вработените во ПЗУ ДОЛОРЕС ДООЕЛ Скопје се законски обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

ПЗУ ДОЛОРЕС ДООЕЛ Скопје не ги продава, разменува или изнајмува корисничките лични идентификациски информации на трети лица. Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштитата на личните податоци, како и другата важечка регулатива.

Безбедност на електронската комуникација

ПЗУ ДОЛОРЕС ДООЕЛ Скопје не може во целост да ја гарантира приватноста на електронската комуникација, и поради тоа Ве молиме да не испраќате лични податоци кои се од чувствителна природа преку e-mail. Доколку е потребно таквите податоци пратете ни ги по пошта на адресата наведена во делот КОНТАКТ.

Веб-страни на трети лица

Корисниците може да пронајдат реклами или друга содржина на нашата Веб-страна, кои водат кон други страни и сервиси на наши партнери, снабдувачи, рекламни фирми, спонзори, и други трети лица. Ние не ја контролираме содржината или врските што се присутни на тие страни и не сме одговорни за постапките на вработените од страните што се поврзани кон или од нашата Веб-страна. Дополнително, наведените страни или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените страни или сервиси може да имаат сопствена политика за приватност на личните податоци на нивните веб-страни и посебна политика за односи со клиенти. Пребарувањето и интеракцијата со кој било друга страна, вклучувајќи ги страните што имаат врски кон нашата Веб-страна е предмет на конкретните правила и политика на соодветните веб-страни.

Политика за приватност на личните податоци само за Веб-страната

Оваа политика за приватност на личните податоци се однесува само за информациите што се собираат преку нашата Веб-страна и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини.

Промени во политиката за приватност на личните податоци

ПЗУ ДОЛОРЕС ДООЕЛ Скопје има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Притоа, за истото ќе се извести на главната страна на оваа Веб-страна.

Прифаќање на условите

Со користење на оваа Веб-страна, корисникот се согласува со одредбите од политиката за приватност на личните податоци на Веб-страната. Доколку не се согласувате со политиката, Ве молиме да не ја користете нашата Веб-страна. Вашето континуирано користење на Веб-страната ќе се смета за ваше прифаќање на овие услови, во состојбата во која биле во времето на користењето.

Контакт

Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на личните податоци на Страната, практиките или комуникацијата со Страната, ве молиме контактирајте не на:

ПЗУ ДОЛОРЕС ДООЕЛ Скопје
Ул. Стрезова, Скопје, Република Македонија
+389 2 3082 988
+389 70 349 960
dolores@dolores.com.mk

25 години ПЗУ Долорес

Скромните почетоци датираат од 1995 год. кога е основана приватната …

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус …

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? …