Во нашиот организам се таложат многу отрови со најразлично потекло. Некои од нив навлегуваат во нашиот организам преку храната, некои преку водата за пиење, воздухот што го дишеме, лекови, некои пак ги создава самиот организам, а многу голем дел се последица од стресот како дел од нашето секојдневие. Некои супстанции кои се дел од човековиот метаболизам во преголеми количини стануваат отрови – високи количини на масти, протеини, шеќери, минерали и сл.
Наједноставен и најефикасен начин на детоксикација на нашиот организам е преку стапалата, се користи локално, нема нус појави и компликации, а сепак токсичните материи се отстрануваат. Се станува јасно уште при првата сеанса. Водата ќе биде темнокафеава или црна а понекогаш и со непријатен мирис. Отровите во нашиот организам најчесто предизвикуваат симптоми на малаксаност, замор, општа слабост, главоболки, исцрпеност, поспаност, немање на енергија како и посериозни промени во организмот – покачен крвен притисок, анемија и сл.
Во интерес на зачувување на здравјето многу е важно редовно да се отстрануваат отровите од организмот. За таа цел можеме да користиме лекови од растително потекло, долги и исцрпувачки диети и сл. Но и покрај тоа некои отрови се задржуваат во нашите ткива, како на пример тешки метали (арсен, жива, олово) кои најтешко се отстрануваат.