Масажи

Масажата претставува една од најстарите терапии со која се лекувале луѓето. Видени се слики од стариот Египет, Кина, Индија и други древни цивилизации.

Масажата предизвикува релаксација, помага во намалување на стресот, ја намалува напнатоста и болката во мускулите, ги олеснува главоболките и помага кај проблеми со спиењето. Масажата делува освежувачки, го поттикнува функционирањето на многуте делови од телото, го забрзува заздравувањето и напнатоста на мускулите.

Масажата може да го стимулира и опушта телото и духот. Кожата, крвта и лимфниот систем се стимулираат, со што се забрзува циркулацијата, помага во обновување на клетките и го забрзува исфрлањето на отровните материи од организмот.

Мускулите се опуштаат, попушта вкочанетост на зглобовите, а делува смирувачки и на нервниот систем, па се чувствува потполно опуштање и благосостојба.

Нервниот систем е сложена мрежа која пренесува информации од мозокот во другите делови на телото и обратно. Милиони нервни завршетоци минуваат низ телото, контролирајќи ја на тој начин неговата функција. Со масажа, овие нервни завршетоци можат да се смируваат или стимулираат, во зависност од длабочината на движењето и техниките што го применува физиотерапевтот

Со ширење на крвните садови, масажата ја засилува циркулацијата на крвта и така кислородот и хранливите состојки побрзо доаѓаат до клетките, што е основа на здравото функционирање на целиот организам. Во исто време, придонесува за забрзување на лимфниот систем, кој ги апсорбира и елиминира отровните материи од организмот. Ефикасен лимфен систем му овозможува на телото силен имун систем, кој се бори против заболувањата.

Долорес ги нуди следниве масажи: масажа на стапала, лице, глава и на цело тело, антицелулитна масажа, масажа со вулкански камења, медицинска масажа, релакс масажа, спортска масажа, парцијална масажа (врат, грб, крст, раце, нозе и стомак), рачна лимфна дренажа на цело тело, рачна лимфна дренажа парцијална и шаицу масажа.

 

 

25 години ПЗУ Долорес

Скромните почетоци датираат од 1995 год. кога е основана приватната …

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус …

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? …