Вакуум терапија потпомага во севкупниот изглед на телото, намалување на целулитот, настинки, бронхитис и пневмонија. Медицински ефект на оваа терапија се постигнува со помош на вакуум кој врши локално вшмукување на крв и лимфа во кожа од поткожно ткиво со што се напрегнува рефлексното влијание на крвните садови во внатрешните органи.
Во почетоците на вакуум терапиите, масажите се применувале специјални стаклени чаши т.н. вендузи, меѓутоа денес се користат и софистицирани апарати, со кои се добиваат истите резултати. Се верува дека вакуум масажата е најефикасен и најдобар начин за намалување целулит. Таа израмнува поткожни наслаги на маснотија и кожата станува поеластична. Покрај целулитот, се користи во третман на други заболувања на мускулно скелетниот систем во комбинација со другите физикална модалитети.