Во неврологијата физикалната терапија се однесува на враќање на функционалноста на индивидуата после заболување или повреда на нервниот систем. Докторот физијатар и физиотерапевтите тимски учествува во рехабилитирањето на секој пациент индивидуално. Долорес со своето искуство од над дваесет години овозможува нега до одреден степен кај возрасни и деца со одредени невролошки заболувања, кои ги вклучува но не се ограничува на: мозочен удар, пареза фацијалис, МС, мускулна дистрофија, паркинсонова болест и нарушувања во балансот, невралгии.
Нашиот пристап на адресирање на проблемот ја опфаќа физичката компонента на пациентот. Нашиот тим го евалуира секој пациент со фокус на шемите на движење, снага, флексибилност, функционалност, баланс и тонус. Целиот фокус на тимот на Долорес е постигнување на дадената цел со пациентот.