Рехабилитација на спортски повреди

Брзо закрепнување по спортска повреда

Спортските повреди имаат маргинализирано голем број на спортисти за време на натпревари, сезони и уште полошо кариери.

Повредите се чести при учество во било кои спортски активност, особено оние со голем интензитет. Некои од причините за повреда се неадекватни загревања, недостаток на кондиција и несоодветни методи за тренинг.
Најчести спортски повреди се: истегнати лигаменти и тетиви, скинати лигаменти и тетиви, тендинитис, фрактури, артритис, дислокации, тениски лакт и болка во долниот тел на ‘рбетот.

За справување со спортски повреди потребна е физикална терапија со која се обновува односно враќа силата и подвижноста по повредата. Истотака со терапијата се овозможува намалување на болката, превенција за целосно оштетување како и превенција на периодични проблеми.

За време на третманот целиот процес е проследен од терапевтите заедно со доктор специјалист по физикална медицина.

 

 

25 години ПЗУ Долорес

Скромните почетоци датираат од 1995 год. кога е основана приватната …

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус …

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? …