Масажи

Како се корисни масажите за вас

Масажата предизвикува релаксација, помага во намалување на стресот, ја намалува напнатоста и болката во мускулите, ги олеснува главоболките и помага кај проблеми со спиењето. Масажата делува освежувачки, го поттикнува функционирањето на многуте делови од телото, го забрзува заздравувањето и напнатоста на мускулите. Масажата може да претставува основна терапија или пак да биде дел од другите терапии при третирање на одредени заболувања.

Долорес ги нуди следниве масажи: масажа на стапала, лице, глава и на цело тело, антицелулитна масажа, масажа со вулкански камења, медицинска масажа, релакс масажа, спортска масажа, парцијална масажа (врат, грб, крст, раце, нозе и стомак), рачна лимфна дренажа на цело тело, рачна лимфна дренажа парцијална и шаицу масажа.

Масажата не смее да се применува кај: зголемена телесна температура, кај акутни воспаленија, инфицирани рани, сите видови на изгореници, малигни процеси и сл.

25 години ПЗУ Долорес

Скромните почетоци датираат од 1995 год. кога е основана приватната …

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус …

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? …