Што е воспаление на Синуси
Воспаление на синуси – Sinusitis представува воспаление на слузокожата на параназалните синуси шуплини, поради несоодветно излачување на секретот, предизвикано од инфекција или алергија.
Најчести причини за појава на акутен синусит се бактерии: (Streptococcus pneumoniae, Hemophilus influenzae и др.)
Од надворешните причини тука се пред се токсичните гасови вклучувајќи го и чадот од цигари.
Хроничен синусит може да биде алергиски или како последица на анатомски промени кои пречат во дренажата на синусите, како и несоодветно и недоволно лекуван акутен синузит. Воспаление на синуси може да се јави и како последица од болести на горните дишни патишта.
Некои од симптомите на синусит се: зголемена телесна температура, болка во предел на лицето и челото (особено на притисок) која се зголемува при наведнување нанапред, зголемена секреција, затнување на носот и сл. Отечената воспалена носна слузница може да го затвори синусниот отвор и да оневозможи правилна вентилациа и изедначување на притисок во носот и синусите. Поради разлика во притисокот се јавува болка. Синуситот, доколку не се лекува навремено и соодветно, може да ги зафати очната празнина, околните коски и централниот нервен систем. Кај хроничен синусит, секрецијата се манифестира со сливање на секретот во грлотоото.
Синуситот, во физикалната медицина, се третира со термотерапија (со ставање на топлотни апликатори непосредно на воспалените делови), со инхалација и др. Третирањето со ласер (K-Laser) покажува многу добри резултати, особено доколку се започне во почетниот стадиум на воспалението.