Деформитети на `рбетот
Глевен носечки столб на телото представува `рбетот. Тој представува комплекс од пршлени, дискови, лигаменти, нерви, мускули и крвни садови. Во одржувањето на исправено тело учествуваат и мускулите на нозете, карлицата и грбот заедно со коските и лигаментите.
Деформитетите на `рбетот се манифеститираат со искривено држење на телото. До деформација на `рбетот, кај децата може да дојде во предшколска возраст, во школска возраст поради неправилно носење на тешка ташна, во пубертет поради несразмерност во растењето на мускулите и коските.
Ги разликуваме следните деформитети на рбетот:
– КИФОЗА (свиткано или погрбавено држање)
– ЛОРДОЗА (зголемена кривина кај слабините – лумбален дел)
– СКОЛИОЗА (искривување на `рбетот во форма на буква Ѕ)
– КРИЛЕСТА ЛОПАТКА (настанува како последица на слаби мускули кои ја држат лопатката до градениот кош)
Лекувањето подразбира:
– физикални методи –кинезитерапија (вежби за движење)
– ортопедски помагала
– оперативни захвати во екстремни случаеви.
Некои од вежбите за исправување на деформитети на рбетот.
Пред да се започне со било какви вежби задолжително е докторот да го прегледа детето и да предложи соодветна терапија. Некои вежби можат да се практикуваат во домашни услови додека за некои е задолжително присуство кај физиотерапевт.
Да напоменеме дака во денешно време, како последица, на екстремно зголеменото време поминато пред компјутер и ТВ, а проследено со неправилно седење, како и намалена спортска активност, доведуваат до зголемен број на деформитети на рбетот на децата.
Лекувањето е доста успешно, доколку се примени во почетна фаза и се работи за пациенти кај кои растењето се уште трае и корекцијата на настанатите деформитети е сеуште возможна.