Новости

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? Многу често се соочуваме со потенцијално стресни состојби во вид на надворешни нарушувања кои можат да создадат силни емотивни реакции, како на пример проблем на работа, финансиски неволји, немир во личните односи, сообраќај, рокови, преселба, загадување, слаба исхрана, загуба или смрт на некој сакан, итн., или во екстремни случаи, телесна повреда.

Иако овие надворешни настани го поттикнуваат стрес, од пресудна важност е да се сфати дека тие не го предизвикуваат стресот. Она што го предизвикува е нашето доживување на нарушувањата како на „можна закана” проследена со силна емотивна реакција. Некои вознемирувања можат да претставуваат стрес за еден човек, а за друг не, што зависи од нивниот став, карактер и емотивни реакции. Според тоа, примарниот извор на стресот не е надворешното опкружување, туку нашата свесна или потсвесна реакцијата на надворешното опкружување. Со други зборови, стресот не го предизвикуваат надворешните настани, туку внатрешното доживување, со нашето толкување и нашата реакција. Значи и добрата и лошата вест е дека „ние го создаваме сопствениот стрес”, значи ние можеме да направиме нешто во врска со тоа, или да не го создаваме или да се ослободуваме преку „работа со енергија”, ако акумулираниот стрес веќе се појавил. Бидејќи стресот најчесто е самопредизвикан, ќе го нарекуваме „стресна реакција”.

„Стресна реакција” е психосоматска појава во вистинска смисла на зборот- „психа” значи „ум”, а „сома” „тело”. Таа е психосоматска, бидејќи е состојба на умот чии симптоми се одразуваат на него. Еден надворешен настан поттикнува емотивна реакција на умот, која понатаму се складира како физичка ( биолошка) напнатост или стрес во телото. Стресната реакција е тесно поврзана со „бори се или бегај” реакција.

Научен коментар

Реакцијата „бори се или бегај” е добро документирана биолошка појава (резултат на еволуцијата) која се однесува на луѓето и на животните. Таа многу помага кога човек се соочува со опасноста. Кажано со секојдневниот речник, адреналинот се покачува”. Оваа реакција му помага на човек да се справи со опасноста за најкусо време. Еволуцијата очекува од човекот да се заштити или со дејство насочено против заканата (борба) или со дејство насочено кон одбегнување на заканата (бегство) во најкусо можно време. За да се постигне ова, кога мозокот прима сигнали за „опасноста”, тој сигнал се пренесува низ целото тело. Тогаш мозокот лачи супстанца наречена кортикотролин- ослободувачки фактор(ЦРФ). Ова резултира со 2 лачење на АЦТХ (адренокортикотропен хормон) од страната на хипофизата. АЦТХ циркулира низ крвотокот и ги стимулира надбубрежните жлезди. Надбубрежните жлезди се наоѓаат над бубрезите и лачат два хормона адреналин и кортизон (кортизол).Овие хормони имаат два главни ефекти:
Прво, бидејќи овие два хормона циркулираат низ крвотокот, можат да допрат до секоја клетка во телото, со што се покачува севкупната активност на клеточниот метаболизам, при што клетките се подготвуваат за зголемена активност.
Второ, тие обезбедуваат гориво неопходно за зголемената мускулна активност. Снабдувањето со гориво се постигнува со адреналинот, кој го зголемува дишењето (за зголемено внесување на кислород во организмот), срцевата работа и крвниот притисок (за зголемено снабдување на клетките со крв); и со кортизонот кој предизвикува лачење на глукоза и масти од црниот дроб во крвотокот, за брзо создавање на енергија. Како резултат на оваа брза активност, телото има повеќе „шеќери и масти” (гориво) и повеќе кислород (да го запали горивото) на располагање, а има поголем дотур на крв во мозокот и мускулите. Како резултат на ова, организмот е попредпазлив (алармиран) поради зголемената мускулна напнатост. Со други зборови, телото се подготвува да ја подржи напорната мускулна активност така што сите внатрешните ресурси ќе ги концентрира на непосредната надворешна закана.

Ако проблемот може да се реши преку бегство или борба, самото решение го спречува стресот и телесните функции почнуваат да се враќаат во нормала. Откако Ќе престане да се лачи адреналинот, кортизонот се лачи уште извесно време, со цел да го стимулира претворањето на мастите и протеините во енергија така што телото има големо количество на енергија уште долго време откако резервите на гликоза ќе се исцрпат. Ова му дава на телото дополнителна „отпорност” за да ги надокнади психолошките последици од реакцијата бори се или бегај. Подоцна и кортизонот престанува да се лачи и се постигнува хомеостаза (рамнотежа). Значи реакција бори се или бегај е корисна бидејќи го алармира организмот и му обезбедува дополнителна сила на многу нивоа. По кусата реакција и одредена фаза на отпор, сите телесни функции се враќаат во нормала.

Меѓутоа кога човекот не може ефикасно да се справи со нарушувањето преку борба или бегство, тој станува беспомошно блокиран во фазата бори се или бегај. Бидејќи човекот не е во можност или да избега од нарушувањето или да го елиминира, тој и понатаму останува изложен на нарушувањето, додека емотивно реагира на него со негативни емоции. Негативните емоции создаваат неспокојство во телото, што преминува во агресивност која треба да се ослободи. Немоќни да најдат канал, негативните емоции не можат да се ослободат. Тогаш човекот треба да се справи како со нарушувањето, така и со сопствените емоции. Ако не успее, Ќе биде беспомошен и физички и емотивно. Поради физичката беспомошност телото (или одредени делови на телото) стануваат НАПНАТИ – како тоа да било предизвикано со фазата бори се или бегај (човекот е подготвен да дејствува и автоматски станува напнат, а емотивната беспомошност го држи телото алармирано (како во паника). Така системот и физички и емотивно е алармиран подолго од прифатливото време. Негативните емоции (беспомошноста) се здружуваат со напнатоста во деловите од телото и создаваат условување меѓу емоциите и тензијата. Ова се нарекува „интернализирани емоции”.

Значи, се дури се присутни негативните емоции, присутна е и напнатоста. „Интернализирани емоции” е нај примитивната (и примарна) реакција на организмот кој е изложен на хроничен или акутен стрес, иако се јавува на различни нивоа и степени. Повторно истакнуваме дека овде негативните емоции, иако се активирани од надворешни нарушувања кои се предизвикани од внатрешната реакција. Човекот не може да ги одбегне своите негативни емоции, и завршува така што ги задржува и нив и со нив поврзаната напнатост. без можност да се ослободат, па обете стануваат замрзнати со опасни последици. Ова е „СТРЕСНА РЕАКЦИЈА”.

Стресната реакција е секогаш екстремна, невообичаена или пролонгирана. И константната алармираност и обидот на телото да воспостави рамнотежа ја исцрпуваат виталната енергија („резервно гориво”) до состојба на исцрпеност, така што физиолошкиот систем почнува да се крши. Доколку нема ослободување, стресот резултира со нарушувања на физиолошкиот систем, тензија и недостиг на виталната енергија во делови од телото, што води кон сериозни или фатални заболувања. Во оваа фаза реакцијата на телото не е полезната реакција бори се или бегај, туку штетната „стресна реакција”. Треба да се забележи дека реакцијата бори се или бегај е предизвикана надворешно, а стресната реакција внатрешно. Со реакцијата бори се или бегај човекот се обидува да го тргне нарушувањето од своето видно поле (се обидува да го отстрани нарушувањето), додека при стресната реакција човекот првенствено се окупира со своите негативни емоции кои треба да се ослободат, бидејќи е немоќен да го стори тоа, ги интернализира. Ова е состојба на самоуништување.

„Стресната реакција” е поврзана со продолжени периоди на алармантност на организмот. Или целото тело или барем одредени делови се напнати и алармирани. Заради пролонгираната алармираност, кортизонот продолжува да се лачи и понатаму, повеЌе од посакуваната „одбрамбена” фаза. Континуирано се троши повеќе гориво (масти и протеини). Во дополнение, кортизонот директно се врзува со рецепторите во лимфоцитите (имунолошките клетки кои се борат против заболувања) и води кон нивно ослабено функционирање. Така се ослабува имунолошкиот систем. Згора на тоа, кортизонот ја попречува активноста на серотонинот (невротрансмитер) во мозокот и води кон депресија и анксиозност. И другите делови од системот на жлездите со внатрешно лачење (ендокринолошки систем) се повеќе се вклучуваат во овој процес, така што алармираноста продолжува. На овој начин започнува исцрпувањето на хормоните. Умот станува прекумерно активен (или исцрпен и депресивен), а мускулите напнати.

Накратко, стресната реакција долгорочно го исцрпува горивото на телото, имунитетот и жлездите. Истотака, нервно-пренесувачка функција на мозокот. Така, имунолошкиот систем, ендокринолошкиот систем (жлезди со внатрешно лачење) и автономниот нервен систем стануваат трите најголеми жртви. Но, тоа дури и не завршува така. „Стресната реакција” ги ослабува функциите на сите витални органи заради исцрпување на сите витамини растворливи во вода, меѓу кои и се витамините Ц и Б, и основните минерали, како што се 4 јоните на магнезиум и калиум. Кога клетките на телото го губат калиумот, нивното функционирање е помалку ефикасно и на крајот умираат. Таа, исто така, силно го отпретува срцето и крвните садови, заради исцрпувачката внатрешна активност и ги ослабува.

За крај, „стресната реакција” ги исцрпува дури и надбубрежните жлезди, и кортизолот се истрошува. Кога ќе се случи ова, клетките на телото не примаат доволно гориво од глукозата, мастите и протеините (состојба позната како „хипогликемија”).

Како што претходно споменавме, најважно е дека „стресната реакција” вклучува интернализирање на негативните емоции со појава на напнатост кај одредени делови од телото. Со повторување на оваа состојба се формира “автоматизирана реакција” меѓу негативните реакции и напнатоста во соодветните делови од телото, така што продолжува (потсвесно) да се предизвикува и чувствува напнатост и тоа само со чувствување на емоциите, дури и кога надворешното нарушување веќе го нема. Тоа е така бидејќи мислата за неговото исчекување се уште е присутна. Ова состојба вообичаено се нарекува „интернализирани емоции” (како да се чувствуваат емоциите во стомакот). Оваа крајна напнатост во деловите од телото им ја исцрпува виталната енергија, бидејќи троши значително количество на нивното гориво за константниот чин на „напнување”. Кога виталната енергија ќе се истроши на тензија, останува малку (витална енергија) за витално функционирање на тој дел од телото (екстремитет или орган).Следствено клетките изумираат и тој дел од телото станува заболен.

Како што гледаме, кај „стресната реакција” емотивниот доведува до физиолошкиот стрес, а ова на крај резултира со нарушување (заболување) на целиот органски систем (класичен пример е чирот). „Стресната реакција“ е примарната реакција на човекот, бидејќи таа е примитивно поврзана со реакција „бори се или бегај”. Во други случаи „стресна реакција” (што сега можеме да ја наречеме и „интернализирани” негативни емоции) може да биде проследена со психолошки самоодбрамбени механизми, како што се замена задушување, рационализирање, итн. Долгорочно гледано, повеќето од овие механизми се самоуништувачки и водат кон психолошки нарушувања, каде видот на нарушување е условен од видот на самоуништувачкиот механизам. На пример, со „замена” на „негативни мисли (нарушувањето) условени од негативни емоции” со друга асоцијативна мисла или чин се создава маѓепсан круг во умот и тоа води кон „опсесивни и зависнички нарушувања”.

Да заклучиме, „стресната реакција” ја исцрпува „виталната енергија” на деловите од телото, кои се под тензија, така што виталната енергија на тој орган или систем паѓа под неопходното минимално ниво. Системот не успева да функционира на здрав начин. Ова е првенствено причина за заболувањата (до 90%). Поради ослабениот имунитет, телото станува подложно на секакви болести.

Comments for this post are closed.

25 години ПЗУ Долорес

Скромните почетоци датираат од 1995 год. кога е основана приватната …

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус …

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? …