Новости

25 години ПЗУ Долорес

Скромните почетоци датираат од 1995 год. кога е основана приватната здравствена установа ПЗУ Долорес, од страна на Д-р Елица Поповиќ – специјалист по физикална медицина и рехабилитација и е прва од ваков тип. Од основањето на ПЗУ Долорес па се до денес континуирано соработуваме со Фондот за здравствено осигурување со кој имаме помогнато на голем број пациенти.

Благодарение на долгогодишното залагање, посветеност и стремеж за постојан напредок, ПЗУ Долорес слави 25 години постоење и над 30.000 задоволни пациенти.

Kонтинуираниот деловен успех пред сé се должи на посветената и напорна работа, постојано надградување на знаењата и вештините на вработените, како и постојано вложување во современи техники и апаратура за дијагностика и лекување. Исто така континуираното инвестирање во компјутерска и софтверска поддршка ни овозможува успешно користење на опремата што ја поседуваме, одлична координација со Министерство за Здравство на РСМ,  Фондот за Здравство на РСМ, како и лесно надминување на секојдневните проблеми.

ПЗУ Долорес денес е успешна приватна здравствена установа – специјалистичка ординација по физикална медицина и рехабилитација во чекор со светските трендови. Ги поседуваме сите видови на електротерапија, ултразвучна и магнетотерапија, термо и криотерапија, повеќе видови на ласер терапија – како и најнова генерација на високоинтензивен ласер (К-ласер). Поседуваме и различни типови на апарати и справи за кинези и работна терапија, апарат за ЕХО дијагностика на мускулоскелетен систем, апарати за лимфна дренажа, детоксикација, повеќе видови вакум апарати  и др.

Во ПЗУ Долорес се нудат услуги како што се ЕХО дијагностика, различни видови на масажи, пред и пост оперативни третмани, рехабилитација во неврологија, ортопедија, ревматологија, спортски повреди и др.

Изминатите години ние во ПЗУ Долорес успешно се соочуваме со сите предизвици кои ги носело времето, како и најновите предизвици со КОВИД-19 пандемијата, која сама по себе донесе вонредна состојба, ограничено работно време и посебни протоколи за работа.

25 години се грижиме за здравјето на нашите пациенти, при што ПЗУ Долорес е синоним за тимска работа, професионалност, посветеност и доверба.

Огромна благодарност, пред се до основачот д-р Елица Поповиќ, без која ПЗУ Долорес немаше да постои и која е најзаслужна за формирањето и работењето на ПЗУ Долорес многу години. Исто така голема благодарност до сите вработени, колеги, практиканти, соработници и пријатели кои несебично се залагаа и допринесоа за ПЗУ Долорес да биде она што е денес. Благодарност и до сите задоволни пациенти кои ни го доверија сопственото здравје.

Наши главни приоритети и понатаму ќе бидат грижата и здравјето на нашите пациенти.

 

25 години ПЗУ Долорес

Скромните почетоци датираат од 1995 год. кога е основана приватната …

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус …

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? …