Екстензија

Истегнување на вратот со помош на флексибилна крагна.

Вратниот дел од  `рбетот се разликува од останатиот дел , пред се поради тоа што низ ‘рбетниот канал поминуваат и мозочни артерии кои учествуваат во снабдување на мозокот со крв. Покрај тоа ‘рбетната артерија е обвиткана со влакна на симпатичкиот нервен систем,  кој е одговорен за пренос на сигнали за болка. При остеохондроза на вратот, кога доаѓа до надразнување на овие влакна,  се јавуваат: главоболки, слабост, несоница, шум во ушите, трпнење на прстите на рацете и плешките, влошувањето на слухот и видот, вртоглавици, нарушена координација на движењето. Сето тоа се невролошки знаци на остеохондроза на вратот.

Лекување со екстензија на `рбетот.

За време на истегнување на вратот, делумно или во целост се отстрануваат преклопувања (вклештување) на делови од `рбетот. Како резултат на примена на флексибилна крагна за екстензија, растојанието помеѓу деловите на `рбетот може да се зголеми од 1 до 2,5 мм, а вертикалниот простор помеѓу  пршлените соодветно од 0,2 до 0,65 мм.

Тоа се должи на истегнување на напречните мускули на заболениот ‘рбетен дел. За време на истегнувањето се намалува деформација на дискот . Екстензијата со  флексибилната крагна помага во ревитализирање на мускулното и сврзното ткиво околу ‘рбетните дискови; го враќа осетот на рацете, се губи трпнењето, се враќа и активното движење на ‘рбетот, ја подобрува циркулација на мозокот; овозможува нормализација на слухот, видот и помнењето; ги отстранува психо-емоционалните нарушувања и депресии и го нормализира сонот.

25 години ПЗУ Долорес

Скромните почетоци датираат од 1995 год. кога е основана приватната …

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус …

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? …