Електро терапија

Под електро терапија се подразбираат терапевтски процедури, со кои електричната струја се користи за лекување на заболени области, смирување на воспалителни процеси и отстранување на отоци.

Физиолошки, под електродите, ставени на телото на пациентот, се случуваат следниве физиолошки процеси:

  • Вазодилатација (ширење на крвните садови)
  • Намалување на чувствителноста на рецепторите (се намалува болка)
  • Хиперемија (црвенило на кожата заедно со топлина)
  • Се подобрува размената на течности во клетките, со нормализација на рН
  • Се забрзува ревитализацијата и зараснување на ткивото
  • Се зголемува мускулната контракција
  • Со модерните и потполно компјутеризирани апарати за физикална медицина (електро терапија), овозможено е прецизно користење на терапевтските форми на струи за сите заболувања кои добро реагираат на овој начин на лекување.

Кај хроничните заболувања, постоперативна состојба или санирање на акутни повреди, електро терапијата се комбинира и со други физикални терапии како масажи, ласер терапии, ултразвучни, кинезитерапии и сл.

Електро терапии кои се користат во ПЗУ Долорес се:

  • Галванска струја (права)
  • Електрофореза
  • Диајадинамски струи
  • Интерферентни струи
  • Д’арсонвалови струи
  • ТЕНС
  • Класична електро стимулација

25 години ПЗУ Долорес

Скромните почетоци датираат од 1995 год. кога е основана приватната …

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус …

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? …