Инхалации

Инхалација претставува основна локална терапија кај заболувањата на дишните патишта. Со инхалацијата лекот се внесува во форма на аеросол. Аеросол претставува смеса на воздух со микро капките на медикаментот. Дозата на лекот која се внесува на тој начин е многукратно помала од дозата на истиот лек, доколку тој се внесува во форма на апчиња. Со инхалирање се внесува многу помала количина на лекот, а се постигнува моментален ефект бидејќи, не се чека лекот да се ресорбира. Со ова се намалуваат и несаканите ефекти на лековите.

Важен предуслов за успех на инхалаторната терапија е правилно користење на инхалацијата, поради што е важно терапевтот да му ја покаже на пациентот правилната техника на инхалирање.

Инхалацијата се применува кај заболувањата на дишните патишта како што се синузит, бронхитис, бронхијална астма, ларингитис и сл. Терапијата се одредува во зависност на актуелната состојба и може да се применува и повеќе од еднаш во денот. Медикаментите, количината и времетраењето на инхалацијата се препишани од страна на лекар, а пациентите се под постојан надзор на стручно лице.

Инхалацијата може да се аплицира при воспаление на синуси, кое представува воспаление на слузокожата на параназалните синуси шуплини, поради несоодветно излачување на секретот, предизвикано од инфекција или алергија. 

Акутен ларингитис е претежно вирусно заболување кое доведува до отекување на гласните жици и слузницата непосредно под нив, кое е всушност најтесното место во дишните патишта. Со тоа значително се стеснува отворот на душникот при што доаѓа до засипнатост, суво кашлање, пропратено со звук при дишењето-стридор и отежнато дишење. Инхалација над жешка вода во домашни услови, во случај на ларингитис и бронхитис нема ефект. Поради ширењето на крвните садови и зголемувањето на отокот на слузницата поради топлина, може да дојде и до влошување на состојбата.

 

25 години ПЗУ Долорес

Скромните почетоци датираат од 1995 год. кога е основана приватната …

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус …

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? …