Ласер и светслосна терапија

Светлосната терапија е присутна повеќе од 40 години. Инфрацрвената и видливата светлина  покажуваат околу 24 позитивни промени на клетката. Видливата светлина продира низ кожата најмногу 8-10 мм. Тоа е многу добро во третирање на површински проблеми како лузни, исеченици, тригер и акупунктурни точки, а особен успех има во третирање на воспалителни процеси. Еднаш емитирана, светлосната енергија отпочнува процес на фото-био-стимулација која кај човекот резултира со фотохемиски реакции кои го забрзуваат клеточниот метаболизам, подобруваат и го стимулираат имунитетот, лимфниот и васкуларниот систем. Досегашните клинички истражувања прикажуваат редукција на болка, воспалување, отоци, како и целосно намалено време на заздравување.

Црвена и инфрацрвена светлина се апсорбира во кожа, мускули, ткиво, коски и го подобрува физичкото ниво на клетката.

Зелена светлина се апсорбира преку био-електро-магнетни полиња кои се распространети околу нас. Се користи за олеснување на стресот и напорот. Зелената светлина се користи исто така за релаксација и антиалергент.

Портокалова светлина е позната и како подмладувачки боја. Помага и кај мускулни грчеви, создава енергија во белите дробови и во стомакот.

Жолта светлина може да биде стимулатор на сензорен и моторен нервен систем како и за тонирање на мускулите. Помага во зголемувањето на севкупната енергетска состојба, намалува артритична болка и го надградува лимфниот систем.

Плава светлина помага кај главоболка, зголемена телесна температура и треска.

Високо интензивен ласер

Високо интензивниот ласер од најновата генерација на ласери со висока моќност (12W) со можност за користење на сонди со различни бранови должини. Овој ласер е каратеристичен по времето кое е потребо за териапија, до 3 пати пократко од постарите генерации на ласери.

Минимално време за максимален резултат!

Помага при:

  • Отстранување на хронична и акутна болка
  • Биостимулација на ткиво
  • Трауматологија
  • Постоперативна рехабилитација
  • Спортска медицина
  • Козметика

25 години ПЗУ Долорес

Скромните почетоци датираат од 1995 год. кога е основана приватната …

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус …

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? …