МЕНИ

Стрезова бр. 5

Скопје, Р. М.

Пон - Пет 8:00 - 20:00

ЗАТВОРЕНО за викенди
  • English
  • македонски јазик

Магнетна терапија

Магнетна терапија

Физичката суштина на магнетното поле е биоенергетското влијание на организмот. Познато е дека при заболувања, површинскиот потенцијал на клетката, во споредба со нормалните вредности, се менува значително. Магнетното поле поминува низ телото, па според тоа и низ секоја поединечна клетка. Јони и колоидните раствори во клетката се под влијаније на магнетните сили и се движат во насока на магнетното поле.

Извршените тестови покажуваат зголемена циркулација под влијание на магнетното поле. Истотака потврдено е зголемување на парцијалниот притисок на О2 во ткивото до 10 пати во однос на почетните вредности. Се знае и за покачувањето на аденозинтрифосфат како и проширување на крвните садови. Истотака доаѓа до забрзан пренос на калциум и негова подобра абсорпција во коските (коските побргу заздравуваат).

Долорес нуди и био-електромагнетна рамнотежа или БЕМЕР. Оваа терапија само го стимулира организмот да си ја поврати нарушената био-електро-магнетна енергија. На тој начин тој се изборува со здравствени нарушувања предизвикани од различни надворешни и внатрешни влијанија.

Што може да се третира со магнетна терапија:

  • Спортски повреди (повреди на лигаменти, мускули и тетиви) како и разни типови на исчашувања
  • Оштетувања на рбетниот столб
  • Заболувања на зглобовите (акутни и дегеративни состојби)
  • Заболувања на коски (остеопороза и скршеници)
  • Ревматски заболувања и сл.

БЕМЕР Технологија

Преголема изложеност на бучава, прашина и стрес, предизвикува промени во нашиот организам многу повеќе отколку што мислиме.

Примена: Дијабет, Алергии, Артрози, Бромхијална астма, Намалена концентрација, Хипеактивност, Стомачни заболувања, Скршеници, Хронична малаксалост, Аритмии, Бајпас, Мигрена, Мултипна склероза, Мускулна атрофија, Остеопороза, Паркинсон, Болки во грбот, Тромбоза, Гангрена, Тумори, Полиартрит. ТЕРАПИЈАТА НЕМА НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ!

Агресивната прашина ја надразнува кожата, предизвикува алергии, го отежнува дишењето, а со тоа доведува до помала достава на кислород до клетките во телото.

Бучавата делува преку увото директно на мозокот. Постојат фрекфенции кои се надразнителни и предизвикуват чувство на немир и неспокојство. Некои други фрекфенции (особено ниските) телото ги чувствива преку вибрации директно. Тие исто така даваат чувство на вознемиреност и непријатност.

Што се однесува пак до стресот, тој е најчест и најкомплексен предизвикувач на се поголем број заболувања. Стерсот е самоуништувачка состојба на организмот која настанува поради постојана изложеност на телото на фрустрирачка состојба. Телото перцепира состојба за која умот предчувствува дека може да предизвика опасност за него.

Со воспоставување на рамнотежа на биоелектреомагнетска енергија, организмот ја зголемува микроциркулацијата и количеството на антиоксиданти, кои ги врзуваат за себе слободните радикали. Намалување на слободните радикали во телото е најважен резултат, кој се постигнува со оваа терапија. Како последица на тоа се подобрува и општата состојба на организмот, подобро снабдување со кислород и елиминирање на причините кои предизвикале заболувања.

Оваа терапија само го стимулира организмот да си ја поврати нарушената биоелектромагнетска енергија. На тој начин тој се изборува со здравствени нарушувања преизвикани од различни надворешни и внатрешни причини. На сликите 1 и 2 се гледа зголемување на микроциркулација по  терапија со БЕМЕР.

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус …

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? …

Деформитети на `рбетот

Глевен носечки столб на телото представува `рбетот. Тој представува …