Термо и крио терапија

ТЕРМОТЕРАПИЈА 

Термотерапија (грч.termos = топол) е дел од физикалната терапија, во која се изучува дејството на топлотната енергија на организмот и можноста за нејзина примена кај одредени заболувања и состојби. Топлина во телото може да се аплицира локално или на цело тело. Создавање на топлина во телото може да биде од надвор (со донесување на топлината директно на телото) и од внатре со создавање на топлина внатре, како последица на претворање на електромагнетна енергија (електромагнетна дијатермија).

Локално делување на топлината: забрзување на метаболични реакции и зголемувањето на потрошувачка на кислород (за секој зголемен степен на телото, доаѓа до зголемување на метаболизмот за 13% – Van Hoffov закон), зголемување на регенеративните процеси, на тој начин што ја зголемува оксигенација на ткивото ( на 41 степен, хемоглобин се ослободува од крвта 2 пати побрзо и 2 пати повеќе).

Термо тераписките процедури се поделени на површински и длабински.

Во површински спаѓаат процедури коко што се топли облоги, парафин, како и друг материјал со способност постепено и рамномерно да ја предава апсорбираната топлина. Тука спаѓа и озрачувањето со инфрацрвена лампа.

Во длабински термо тераписки процедури спаѓаат процедури каде друг облик на енергија, во телото се претвора во топлина (кратки бранови, микробранови и ултразвук).

Индикации за примена на термотерапија се: дегенеративни заболувања (зглобен и вон зглобен ревматизам), состојби после повреди, полесни нарушувања на циркулацијата, спазам на мазна и напречна мускулатура, оштетување на централен и периферен нервен систем, хронични гинеколошки и уролошки заболувања.

Контраиндикации за примената на термотерапија се: локални инфекции, воспаленија и општи контраиндикации за примена на физикални агенси (инфективни заболување, тешки срцеви заболувања, крварења, бременост, малигни заболувања и сл.).

КРИОТЕРАПИЈА

Крио терапија претставува тераписка процедура кај која од телото се одведува топлина (грч. crios – мраз и terapeia – лекување) и тоа со примена на мраз, вода со температура 0-4 степени или со некој друг уред. Крио терапија се применува само како локална процедура, и тоа во траење од неколку минути, бидејќи подолга примена може да предизвикува оштетување на кожата и поткожното ткиво.

Во физикалната медицина, крио терапија се применува во вид на следните процедури: локално пакување со пластична ќеса наполнета со ситни парчиња на мраз, пакувања кои претходно се изладени или ниска температура е постигната со некои хемиски процеси во самото пакување. Кесата се става на саканата регија. Друг начин на примена е масажа со коцка од мраз 3-5 минути на заболеното место, се до појава на субјективното чувство на жарење. Исто така се применуваат сонди, кај кои разладување се врши со помош на медиум, разладен во специјален уред. Разладениот медиум со помош на систем од еластични цевки се донесува до сондата – апликатор, со која се врши благо масирање на болното место.

Индикации за примена на крио терапија се: затворени повреди, болка и оток кај воспаление на зглобовите, промена на мускулниот тонус кај заболување на централен нервен систем.

Контраиндикации за примена на крио терапија се: сите општи контраиндикации за примена на физички агенси, заболување на периферните крвни садови, зголемена чувствителност на студ, претходни смрзнатини на местото на апликација, нарушена чувствителност.

25 години ПЗУ Долорес

Скромните почетоци датираат од 1995 год. кога е основана приватната …

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус …

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? …