Ултразвучна терапија

Терапија со ултразвук се состои во примена на ултразвучната енергија за лекување. Во ултразвучната терапија се користи својството на пиезокристали да вибрираат кога ќе се приклучат на извор на електрична струја. Вибрирањето е во ритамот на фреквенцијата на приклучената струја и најчесто се користат две фреквенции: 1 MHz и 3MHz (Херц е единица за фреквенција и претставува број на вибрации во една секунда. MHz = милион херци во секунда.).

Од овие причини, ултразвукот има способност да делува во длабочина , со што може да ја зголеми температурата во длабочина на ткивото од 3-5 см, без да ја загрее кожата или поткожното ткиво.

Терапијата со ултразвук има: механичко, термичко (соно-дијатермија) и физичко-хемиско делување.

Механички, ултразвукот делува со микро масажа на ткивото ја подобрува размената на клеточните содржини, прокрвавеноста и снабдувањето со кислород .

Термичкото (топлото) дејство на ултразвукот, се состои во зголемувањето на спроведливоста на клеточните мембрани. Всушност овој ефект, ја зголемува растегливоста на колагените ткива, предизвикува промени во брзината на спроводливост на нервите, промени во циркулација на крвта, го зголемува прагот на болката и има седативно дејство на воспалена мускулатура.

Ултразвукот предизвикува вазодилатација (проширување на крвните садови), ја подобрува трофиката на ткивото, хиперемија (подобра прокрвеност), подобра ресорпција на распаднати продукти од хемиски процеси во ткивото. Влијае на биосинтеза на белковини (протеини) како важен дел на имунолошкиот систем.

 

 

 

25 години ПЗУ Долорес

Скромните почетоци датираат од 1995 год. кога е основана приватната …

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус …

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? …