Рехабилитација во ортопедија

Физикална терапија кај ортопедси заболувања

Физикалната терапија во ортопедија се фокусира на третирање или рехабилитирање на болестите и повредите на движечкиот систем, кој вклучува мускули, коски, тетиви и лигаменти. Физикалната терапија најчесто помага во третирање на ортопедските состојби кои предизвикуваат болка, оток и намалена функционалност. На секој оперативен третман му претходи и следи физикална терапија.

Денес се повеќе се оди кон артроскопско решавање на проблемот на зглобот, нормално доколку ортопедот или трауматологот така процени. Но, има и посложени интервенции како: вградување на вештачко рамо, колк, колено... Ортопедијата, покрај решавање на повредите се занимава и со ортопедски заболувања, како сколиози, кифоза, рамни стапала, остеопороза, остеопенија и т.н.

25 години ПЗУ Долорес

Скромните почетоци датираат од 1995 год. кога е основана приватната …

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус …

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? …