Физичката траума е медицински термин кој претставува органски оштетување на телото настанато како резултат на физичка сила. Траумите можат да бидат настани од удар на страно тело кој предизвикува оштетувања на ткивото, коските и лигаментите. Најчести се повредите при паѓање, сообраќајни незгоди…
Терапиите во трауматологија имаат за цел да го контролираат и помогнат физичкото закрепнување од ефектите на траумата.
Физикалните терапии во трауматологија допринесуваат за важноста на физијатрите и терапевтите во болниците и приватните установи. Дополнително на повредите на коските, зглобовите и кај меките ткива, физијатрите се повеќе се соочуваат со физички трауми поврзани со стареење и со незгоди кои се случуваат во секојдневието. Овие разни повреди допринесуваат на комплексноста на третманот. Во изминатите неколку години зголемено е барањето за целосно обновување на оштетувањето настанато од физичката траума, кое претставува основен принцип и цел на рехабилитацијата во трауматологија.
Најчести се скршениците на рачен зглоб, скочен зглоб, решавани само со гипс или оперативно, дисторзии и дислокации на зглобови...Скршеници на рбет, решени со гипс или оперативно...