Новости

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус кој ја предизвикува варичелата (овчи сипаници), вирусот Varicella-Zoster. Првичната инфекција се случува уште во детството со појава на варичела, после која се стекнува траен имунитет. Вирусот по прележување на сипаниците, останува во скриена форма во нервните клетки (ганглионите) во близина на ‘рбетниот столб. Кај мал процент на луге доаѓа до нивна реактивација во текот на животот, но овој пат во вид на зостер манифестација.

Најчеста причина за негова појава се сите состојби кои водат до намалување на имунитетот, стресот како најголем фактор, заболувања на лимфниот систем, различни типови на интоксикации и др.

Најчесто инфекцијата започнува со болка во одреден дел од телото, каде подоцна ќе се јави осип. Болката е во вид на жарење, печење и бодежи, а се јавува на едната страна на телото, т. е. по должина на зафатениот нерв, каде подоцна ќе се појават меурчиња. Овие меурчиња се исполнуваат со гној и на крај се претвораат во крусти кои отпаѓаат. Целиот процес трае повеќе од месец дена по кој остануваат лузни, а и болката може долго де трае.

Терапија: Покрај медикаментозна (витаминска, аналгетска, вирустатска), од големо значење е и примената на физикалната терапија (нискофрекфентно магнетно поле, терапија со биостимулативни ласери (К-Ласер). Терапијата трае од 10 до 15 третмани, во зависност од стадиумот на болеста.

25 години ПЗУ Долорес

Скромните почетоци датираат од 1995 год. кога е основана приватната …

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус …

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? …