Работна и кинези терапија

Кинези терапијата (од грчкиот збор kinezis – движење) е дел од физикалната медицина и рехабилитација, каде основно средство за лекување се вежбите. Постојат пасивни, активно потпомогнати и активни везби ( без и со отпор). Долорес им овозможува на своите пациенти третмани со апарат за Континуирано Пасивно Раздвижување на колено, кој е погоден за постоперативна рехабилитација.

Континуирано Пасивно Раздвижување - КПР (Continuous Passive Motion machine - CPM) за колено е апарат кој најчесто се користи за постоперативна рехабилитација. Кај повеќето пациенти, движењето на зглобот после операција предизвикува болка, поради која пациентот не успева да го движи. Поради ова ткивото околу зглобот станува потврдо и се формира лузна, што резултира со зглоб со ограничено движење (контрактура). После тоа е потешко да се раздвижи коленото и можно е да бидат потребни месеци физикална терапија.

Пасивно раздвижување значи дека зглобот на пациентот се раздвижува без да се користат мускулите на пациентот.

Работна терапија е медицинска дејност, која се занимава со враќање на личноста во нејзиниот секојдневен живот за време и после рехабилитацијата.

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус …

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? …

Деформитети на `рбетот

Глевен носечки столб на телото представува `рбетот. Тој представува …