Новости

Херпес симплекс

Херпес симплекс е инфекција предизвикана од вирусот Херпес симплекс тип 1. Ова заболување се манифестира во предлот на устата, лицето и носот. Изворот на инфекција е исклучиво човекот. Првичната инфекција со овој вирус се јавува уште во детството, најчесто до 10 години, а може и подоцна, со директен контакт со заболено лице преку уста (бакнување), но уште почесто е при користење на ист прибор за јаденје, лична хигиена, шминки…

Најчесто првичните симптоми се слични на оние на воспаление на горните дишни патишта, пропратени со покачена температура, меѓутоа постојат случаи кога инфекцијата со овој вирус поминува незабележително. Пред да се појават везикули (меурчиња), на тие места се чувствува чешање и жарење, после кое се појавуват меурчиња исполнети со бело-жолта течност. По  некое време тие пукаат и прават крусти без да остават лузна. Кога инфекцијата ќе стивне, вирусот се сместува во нервните ганглии и останува во скриена форма доживотно, заштитен од имуниот систем, со можност за повторно реактивирање.

Причини за повторно појавување на херпес се: стрес, намалување на имунитетот, покачена температура, екстремно ниски температури и ветер, УВ зрачење и др.

Превенција и лекување

Превенцијата е насочена кон зајакнување на имуниот систем. Лекувањето  се спроведува со употреба на  антивирусни лекови, креми и лепенки. Третирањето на херпесот со биостимулативни ласери, особено К ласерот, покажа многу добар ефект во лекувањето и резултатите се видливи уште при првиот третман. Терапијата е асептична и безболна.

Comments for this post are closed.

25 години ПЗУ Долорес

Скромните почетоци датираат од 1995 год. кога е основана приватната …

Херпес зостер

Херпес зостер е вирусно заболување, чиј предизвикувач е истиот вирус …

Како против стресот?

Што е стресна реакција и како таа доведува до сериозни заболувања? …